Осум лица се уапсени синоќа во Босанска Крупа и Бихаќ, БиХ, во рамки на акцијата поврзана со терористичкиот напад во кој загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет неговиот колега Авдо Хасановиќ. Информацијата за апсењето за порталот „Аваз“ ја потврди полицијата.
Кај уаспените е пронајдено големо количество оружје, одземени се централни единици, паметни телефони, лаптопи, преносни компјутери, пари, УСБ и поголема количина хартија со текстови на арапски јазик.
Апсењата доаѓаат по нападот кој 15-годишник го изврши во полициска станица во Босанска Крупа, каде со нож уби еден, а рани друг полицаец. Нападот е прогласен за терористички напад, имајќи предвид дека малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик.
Како што тврди извор од истрагата за босанските медиуми, напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често бил виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.