Младиот балкански инфлуенсер и тиктокер „Erwin_Beg“ кој живееше во Австрија, пред неколку дена е пронајден мртов во Грац.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, Ервин Бегиќ (23), како што му е вистинското име, најверојатно се самоубил со бесење.

Бегиќ се прослави на социјалните мрежи како личност која сака луксуз, па во видеата кои ги објавуваше доминираа скапи автомобили, атрактивни локации и брендирана гардероба.

Засега нема никаква информација зошто би можел да посегне по сопствениот живот, но многумина се сомневаат дека Ервин имал љубовни проблеми.

По трагедијата, сега сите го коментираат последното видео кое го објавил на „Тик Ток“ – селфи, а во позадина се слуша рефренот „Лажеш ме љубави“. Снимката е објавена истиот ден кога Бегиќ е пронајден мртов во неговиот дом.

@erwin_beg♬ LAZES ME LJUBAVI X SWXY AND I KNOW IT DJ YvNG – yvng

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.