Сакаме најдобри можни односи со сите наши соседи, а меѓу овие соседи вклучена е и Албанија, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун, додека пак за односите со Турција посочи дека има позитивни придобивки од подобрената клима, јави дописничката на МИА од Атина.

На традиционалната прес-конференција што се одржува веднаш по свеченото отворање на саемот, грчкиот премиер говореше за актуелните теми од внатрешната и надворешната политика во земјата.

Во делот поврзан со дипломатијата, одговорајќи на новинарско прашање за Албанија, особено по случајот со Фреди Белери, посочи дека поминаа тежок период на билатерално ниво, истакна дека сакаат добри односи, но тие „поминуваат низ почитување на правата на грчкото малцинство во Албанија“, додавајќи дека прашањето со правата на сопственост е сè уште актуелно и „тоа е неопходен предуслов за да може земјата да оди напред на европскиот пат“.

За грчко-турските односи, нагласи дека никогаш немал илузии во пристапот со Турција и секогаш пристапувал со реализам, се осврна на позитивните придобивки од подобрените односи, како пример споменувајќи дека нема нарушувања на воздушниот простор во Егејското море, постои подобро управување во миграцијата и соработката со Турција, но посочи дека „јадрото на турскиот ревизионизам не е променето



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.