Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, истакнал меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на првиот дел од состанокот на НАТО, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои информации.

Мицотакис меѓу другото нагласил дека „напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори“.

Во однос на ставот на американскиот претседател кој ја подвлекол важноста на Западен Балкан за безбедноста на Алијансата, како што пишува АНА-МПА, Мицотакис посебно се осврнал на Договорот од Преспа, за кој, рекол дека овозможи проширување на Алијансата со пристапување на Cеверна Македонија.

Целосното спроведување на Договорот од Преспа, истакна премиерот, е од суштинско значење за Алијансата, за Западен Балкан и за меѓународната заедница. Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа, продолжи тој, ќе го поткопа кредибилитетот на сите напори за решавање на другите отворени прашања н Западен Балкан и ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, во однос на обраќањето на Мицотакис.

Паралелно, грчкиот премиер додал „Pacta sunt servanda“, посочувајќи дека „сите мора да го запомниме ова“.

Во исто време, во медиумите во Грција, актуелна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски поради тоа што го употреби терминот „Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.