Ваучер од 150 евра за културни и туристички активности за 18-годишните; намалување на данокот на сопственост на имот доколку се осигура домот од елементарни непогоди и зголемување на детскиот додаток, се трите мерки што ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, доколку на изборите на 21 мај добие втор мандат, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис во неговиот предизборен говор, објасни дека ваучерот, односно т. „Youth pass“ е по примерот на „Freedom Pass“ што беше воведен за време на пандемијата и ќе биде наменет за секое дете кое ќе стане полнолетно, а ќе може да го користи за летен одмор, за патување, за концерти или за спортски настани.
Во однос на данок на сопственост на имот, рече дека за сопствениците кои ќе ги осигураат нивните домови од елементарни непогоди, ќе добијат попуст од десет отсто, додека пак детскиот додаток ќе се зголеми од 70 на 120 евра за семејствата со две деца, за оние со три деца ќе добијат 170, а со четири деца 220 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.