Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека земјата ќе одржи парламентарни избори во мај, откако неговата влада се соочи со широк гнев поради железничката несреќа во февруари, во која загинаа 57 лица.
Можам со сигурност да ви кажам дека изборите ќе се одржат во мај – рече тој во интервју за ТВ Алфа.
Железничката катастрофа предизвика неколку недели гневни, а понекогаш и насилни протести и изврши голем притисок врз конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис пред изборите.
По несреќата, грчкиот министер за транспорт поднесе оставка, а дежурниот во моментот на несреќата и уште тројца вработени во железницата беа обвинети и може да добијат доживотни затворски казни.
Но, железничките синдикати долго време предупредуваат на проблеми, велејќи дека по една деценија кратење на трошоците мрежата е недоволно финансирана, има недоволно вработени и е подложна на несреќи.
Синдикатот на машиновозачите нагласи дека постојано ги предупредувал официјалните лица за безбедносните пропусти на мрежата, но предупредувањата биле „потценувани или не биле сфатени сериозно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.