Александар Кнежевиќ Кнеле беше убиен на 28 септември 1992 година во соба 331, а српската држава никогаш не го откри и казни убиецот. Кнеле беше првиот од долгата листа што убиваше криминалци во тие крвави деведесетти.


Младиот белградски криминалец  беше ликвидиран во хотелот „Хајат“.

Беше креатор на познатата „дизел генерација“ , чие животно мото беше „Попрво да живеам еден ден како лав отколку цел живот како глушец“, беше пронајден мртов во собата 331.

Како што беше утврдено, двајца напаѓачи испукале три куршуми во главата на Кнежевиќ од малокалибарски пиштол со пригушувач.

На огледалото во собата 331 бил испишан бројот 1 со крв, а се верува дека ова можеби било предупредување дека Кнеле бил првиот од долгата листа  Ќе остане запаметен и по тоа што во својот краток живот успеа да се здобие со најголема „репутација“ во подземјето, а беше познат и како телохранител на Вук Драшковиќ.

Случјално или не ноќта помеѓу 27 и 28 октомври 1992 година, безбедносните камери на хотелот не работеле кога некој тропнал на вратата од собата во која престојувал Кнеле. Полициските оперативци биле убедени дека Кнежевиќ добро ги познава луѓето кои тропале на неговата врата, бидејќи ги пуштил да влезат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.