Шокантните детали открива Зоран М. (62) од Земун, кој за српските медиуми открива како во неговиот замрзнувач пронашол мртво новороденче. Истрагата е во тек и се утрврдува чие е бебето, колку време телото било во замрзнувачот, каква поврзаност има неговата сопруга…

Замрзнувачот се расипа, па повикав мајстор. Ми рече дека морам најпрво да го одмрзнам, па почнав да го чистам. Ги извадив сите работи од него, а меѓу нив беше и таа вреќа, раскажува тој.

Околу 15 часот тргнал да провери како се одвива одмрзнувањето и тогаш затекнал стравична глетка.

Видов торба во која имаше крпа. Прво помислив дека е леб, жена ми обично знаеше да замрзни леб или погача, но кога ја отворив торбата, видов бебе. Се вознемирив од глетката, се скаменив, веднаш го повикав синот, а потоа и полицијата, раскажува шокираниот маж кој истакна дека не знае како завршило тело на бебе во неговиот замрзнувач, ниту што всушност се случувало.

Зоран М. вели дека сопругата го напуштила во мај во 2022 година и оти само тие двајца имале пристап до фрижидерот. Тој истакнува дека не знаел оти такво нешто се наоѓало во замрзнувачот и дека сè уште е вознемирен.

Не знам што да мислам за сето ова, не знам што ќе правам ако е мое дете, вели тој.

Српската полиција е во потрага по неговата сопруга за да провери дали таа има некакви информации за случајот. Тие имаат четири деца, од кои најмалото е пет години. Зоран вели дека неговата сопруга не била трудна, но и дека навистина не знае каде е таа откако ги оставила.

Телото на бебето, кое било завиткано во крпа и ставено на дното во замрзнувачот, е предадено на обдукција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, за да се утврди возраста и причините за смртта.

Според неофицијалните информации, на телото на бебето не биле видливи траги на насилство и не можело да се процени колку долго било во замрзнувач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.