Основниот суд во Приштина го осуди Горан Ракиќ на тримесечна условна казна затвор и парична казна од 1.000 евра, бидејќи во својство на министер за заедници и враќање неправилно ги приложил бараните податоци во образецот за пријавување на имотната состојба.

Пресудата ја соопшти судијката Наиме Красниќи Јашаница, откако претходно судот ја одобри спогодбата. Според таа пресуда, затворската казна од три месеци нема да се издржува доколку Ракиќ во рок од една година не стори друго кривично дело.

Во меѓувреме, Ракиќ е должен да плати казна од 1.000 евра во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.