Пред неколку години, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја вооружил терористичката колумбиска организација Фарк (ФАРК) со оружје останато од Варшавскиот пакт, кое оваа самопрогласена револуционерна армија го плати со чист кокаин, дознава „Српски Телеграф“.
Ова го тврди Небојша Медојевиќ, лидерот на Движењето за промени, кој додава дека тогаш бил уапсен поранешниот италијански сенатор и министер од Бугарија, од каде што луѓето на Мило набавувале оружје што останало по распадот на источниот воен блок.
– Тоа се калашникови и митралези со голема продорна моќ со специјални куршуми кои се произведуваат и денес. Овој бизнис наречен дрога за оружје е многу профитабилен бидејќи на тој начин кокаинот се добивал по поволна цена, а во Јужна Америка килограм од оваа дрога, висока чистота од 90 до 99 отсто, изнесува 5.000 долари – вели Медојевиќ.
Како што пишува „Српски Телеграф“, Мило тогаш воспоставил силен контакт со латиноамериканските нарко картели и го поврзал со црногорската мафија, која ја создал и ја држел под контрола. Во тие години Италијанците ги прекинаа патиштата за шверц на цигари низ Црна Гора, која дотогаш беше најпрофитабилната работа на режимот во Подгорица, па дрогата од Колумбија стана главен извор на баснословни приходи.
Тој на тој начин го отвори патот за Кавачкиот клан, кој дистрибуира кокаин низ Европа, главно преку пристаништата во Шпанија, Холандија и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.