Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков изјави дека Бугарија ги замрзнува преговорите со ЕУ за евроинтеграција на Македонија.

Милков вели дека на неопределено го повлекува бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје поради според Милков „вознемирувачката состојба во однос на правата на Бугарите таму и ескалацијата на злосторствата и настаните од омраза во последните месеци.“

Бугарија ги суспендира сите меѓудржавни проекти со Македонија додека не добие докази дека Скопје ги почитува правата на Бугарите таму. Одлуката доаѓа по претепувањето на македонскиот Бугарин Христијан Пендиков во Охрид, јавија бугарските медиуми.

На состанокот на Комисијата за надворешна политика беа сослушани министерот за надворешни работи Николај Милков и амбасадорот на Бугарија во Македонија Ангел Ангелов.

Македонија во овој случај, за да продолжи по својот европски пат, мора да ги почитува преземените обврски во рамките на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат обврските со децении, што значи дека нема да почнат преговори, вели Милков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.