Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, освои 60,1 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат проекциите на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) врз основа на 62,7 отсто од преброените гласови.
Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател, Мило Ѓукановиќ, 39,9 отсто.
Според податоците на ЦЕМИ, излезноста била 71 отсто.
Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) објави, според 54,1 отсто преброени гласови, дека Милатовиќ освоил 55,7 отсто од гласовите, а Ѓукановиќ 44,3.
Излезноста на изборите е 71 отсто.
Во првиот круг на изборите пред две недели Мило Ѓукановиќ беше прв со освоени 35,3 отсто од гласовите, а Јаков Милатовиќ доби 28,9 отсто.
Иако овие резултати не се официјални, тие во голема мерка го покажуваат трендот, како што беше пред две недели кога процентите што прв ги објави ЦЕМИ беа речиси идентични со офијалните што ги објави изборната комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.