Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека бавното проширување на Европската унија е резултат на безбедносни грижи, а не на економски причини.
Говорејќи на Форумот во Преспа, тој рече дека една од тие причини е тоа што Србија одбила да го признае Косово.
„Не можам да замислам, од различни политички, социјални и историски причини, Србија да го признае Косово. Но додека тоа не се направи, прашањето нема да се реши. Тоа е нешто на што треба да се концентрираме и да испратиме порака до Србија да избере страна. „ додаде Милановиќ, кој верува дека Србија донела одлука „да оди по својот пат, а не кон членство во ЕУ“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.