На Украина не треба да и се даваат ветувања што не можат да се исполнат, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон, каде сојузниците ја потврдија поддршката за членството на Киев во блокот.

На Украина и се заканува опасност да се исцрпи економски и демографски да се уништи. Мораме да бидеме искрени кон нив и да не даваме ветувања што не сме во можност да ги исполниме, изјави Милановиќ за хрватските новинари во Вашингтон, пренесува Хина.

Тој додаде дека на Самитот на НАТО се говорело дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, и дека тоа треба да се сфати многу сериозно бидејќи обврзува.

Важно е да се одржи дијалогот со Москва, не мислам само на (рускиот претседател Владимир) Путин, и се знае кој треба да разговара со Русите, тоа се Американците, истакна хрватскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.