Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека треба да се запази редот кога се во прашање евроинтеграциите, зборувајќи за идното членство на Украина во Европска унија, на состанокот на лидерите на сестринските партии од Европската народна партија во Ротердам.

Според Мицотакис, мора да се препознае уникатноста на она што се случува во Украина, но без да се заборави фактот дека има и други земји во овој процес, додавајќи дека прв приоритет треба да биде решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија за да започнат преговорите со ЕУ, јави дописничката на државната агенција МИА од Атина.

„Не смееме да го заборавиме Западен Балкан. Ова е тема што длабоко не допира. Треба да бидеме сигурни дека нема да испратиме сигнал дека редот е попречен. И првиот приоритет што го имаме во овој поглед е да обезбедиме решение на отвореното прашање меѓу Бугарија и Македонија, за да можеме, како Европска Унија, да ги започнеме релевантните преговори со Македонија и Албанија“, кажа Мицотакис.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.