Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, денеска посочи дека ЕУ треба да понуди интеграција на сите шест земји од Западен Балкан во Унијата до 2033 година и тоа го нарече храбар, но неопходен чекор.

Во натпис објавен во „Политико“ пред самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Грција, Мицотакис наведува дека ЕУ треба да докаже дека кога поставува визија, има намера и капацитет да ја спроведе.

Мојата порака денес е јасна: Во согласност со поставените критериуми, да понудиме интеграција на сите од Западен Балкан во ЕУ до 2033 година – тоа е амбициозен, но достижен рок. Од друга страна, дури е и задоцнето, смета грчкиот премиер. Самитот ЕУ – Западен Балкан е закажан за 23. јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.