Сопственикот на теретаната во која вежбал убиецот-бодибилдер, Емир Џиновиќ, инаку негов пријател и деловен партнер, во видео интервју за „Дневни аваз“ открива што се случувало во часовите додека тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ беснеел. Тој раскажува како успеал да го земи бебето на сега убиената Низама.

Прво ме разбуди татко ми и рече дека нешто се случило. Станав, видов повик од Нермин. Ми рече да вклучам Инстаграм и ја спуштив слушалката. Отидов на Инстаграм. Тоа што го направи беше животински чин. Кога заврши во живо, ми се јави и ме праша – ќе ми го земеш детето? Се согласив, му реков да не му прави ништо на детето. Ми рече да дојдам за половина час или детето ќе умре, детето се лекува во турска болница, не примило терапија и секоја секунда е важна, раскажува Џиновиќ.

Тој вели дека со татко му отишол во полициска станица, а потоа со полиција на локацијата каде што го испратил Сулејмановиќ. Таму го зел бебето во раце и истрчал во шумата.

Кога стигнавме, ни се чинеше дека детето лежи неподвижно, потоа слушнавме звук. Ја зедов и истрчавме во шумата, јас и полицајците и чекавме автомобилот да дојде да не земе, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.