Маријана Зајферт, која своевремено победи во реалното шоу „Големиот брат“, исчезна во април годинава, а нејзината сестра Маја Ковачевиќ вели дека нема да се откаже додека не ја дознае вистината за тоа што се случило.

Ноќта кога Маријана веројатно умираше, сонував дека се поздравуваме. Следниот ден кога се разбудив веднаш го зедов мобилниот во рака и ѝ се јавив на сестра ми, со која немав слушнато еден месец. Таа не одговори, а јас веќе имав чудно чувство, вели Маја за „Слободна Далмација“.

Таа верува едка нејзината сестра веќе не е жива.

Чувствувам дека ја нема. Само сакаме да ја дознаеме целата вистина и да можеме достоинствено да се збогуваме со неа. Нашата потрага продолжува секој ден, а колку повеќе откриваме, толку повеќе сме во шок. Едноставно, има нешто многу чудно околу ноќта кога исчезнала. Нејзиниот сопруг Карло неколку пати ја менуваше изјавата во полиција. Не сакам да кажам дека ѝ направил нешто, туку само нека каже што се случило во станот, бидејќи сум убедена дека имало расправија меѓу нив. Не можам да имам контакт со него додека не каже сè, иако ми е тешко што нема да можам да го видам внук ми, но останувам на мојата поента, вели Маја, која верува дека вистината наскоро ќе излезе на виделина.

Маријана исчезна ноќта меѓу 26 и 27 април годинава откако го напуштила станот во населбата Савица во Загреб, каде живеела со сопругот Карло Зајферт. Во моментот на исчезнувањето носела маица во сенф боја, црна спортска јакна, црни панталони со бело-црвена лента и светли патики, соопшти загрепската полиција.

Ден подоцна, на Мостот на младоста биле пронајдени нејзините документи и телефонот. На мостот нема камери, а ноќта на исчезнувањето Маријана наводно ја снимиле камерите како излегува од зградата во која живеела со Карло и нејзиниот син.

Jaс тоа видео не сум го видела и додека не го видам, не верувам дека постои. Некако сè ми изгледа сомнително и исценирано, но не од нејзина страна. Повторувам уште еднаш, не сакам кон никого да покажувам со прст. Луѓето ме прашуваат дали заминала некаде, но нема шанси да го направила тоа, затоа што никогаш не би ги оставила своите деца. Маријана беше многу кревка и чувствителна, „Големиот брат“ остави страшни и непоправливи последици врз нејзиното ментално здравје. Таа не можеше да ја поднесе осудата од луѓето. Откако го роди синот имаше постпородилна депресија, но и покрај сè, не верувам и не сакам да помислам дека сакала да си направи нешто лошо, изјави Маја, која смета дека полицијата не си ја завршила работата како што треба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.