Синот на  Слободан Милошевиќ Марко се појави во јавноста за прв пат по погребот на неговата мајка Мирјана Мира Марковиќ во Москва во април 2019 година.

Неговиот  изглед предизвика големо медиумско внимание, со оглед на тоа што со години се знаеше многу малку за него и целосно се повлече од јавноста. Тој се појави во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко.

Меѓу неколкуте транскрипти од разговори  со својот татко се открива тој од март 1997 година кога Марко отпатувал во Италија за да му ги корегираат забите, да му стават сини контактни леќи и да го оперираат увото бидејќи бил клемпав.

Еве го разговорот меѓу нив

Марко: Јас сум тврдоглав како стока.

 

Марко: О, тато, мислам дека имам клемпави уши.

Слободан на тоа одговорил.

Чекај малку, да ти објаснам нешто. Знаеш ли зошто ти изгледа така сега? Затоа што си страшно слаб и секое магаре на твоја возраст изгледа така, а штом малку пополниш и како што велат се стабилизираш се ќе си дојде на свое место. И јас изгледав полошо кога бев слаб.

Марко: Па види, се согласувам, ама немам намера да се разубавувам за 15 години туку сега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.