Малолетник (16) кој е еден од осомничените за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ, брат на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина, е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград, а неговиот распит започнал, пренесоа српските медиуми.
Полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград идентификуваше двајца малолетници кои се осомничени дека брутално го претепале 37 годишниот Мијатовиќ во паркот на Вождовац и како што се сомнева дека го удриле неколку пати во главата по што тој почина.
Уапсениот малолетник се товари за тешко убиство, а полицијата интензивно трага по второосомничениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.