Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно испрати провокации во пресрет на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“.
Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба в недела да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото, напиша Џамбаски, споделувајќи фотографии со транспаренти на кои пишува дека „Македонија е бугарска“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.