Маж се запалил попладнево околу 13 часот, откако инвеститори дошле да му ја урнат неговата барака во Нов Белград, спроти трговскиот центар Делта сити.
Според информациите на српски Блиц, човекот кој се полил со бензин и се запалил е З.Н., државјанин на Македонија. Според медиумот постара жена, мајка на несреќниот маж, лежи на земја, удирајќи се со камен во ногата и стенка, кажувајќи – „Погледнете што направија.”
24седам објави дека работниците го изгаснале запалениот маж со противпожарен апарат, а потоа продолжиле со демолирање на бараката. Несреќниот човек дошол сам во блиската продавница и молел за помош, а работниците рекле дека глетката била ужасна.
Како што изјавија за 24седам, мажот со ужасни изгореници со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.
Како што соопшти МВР брзата помош во болница пренела маж кој денеска се здобил со повреди во Нов Белград, за кои се претпоставува дека се здобиени со самозапалување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.