Два дена по инцидентот во Цетиње, каде што загинаа 11 лица и шест се повредени, Светлана Бориловиќ која му е мајка на убиецот Вук Бориловиќ даде коментар за српски „Телеграф“.

Светлана кажа дека Вук ги загубил нервите и сè направил несвесно. Несреќната жена тврди дека ништо не покажувало дека ќе се случи трагедија.

„Јас сум без душа и не знам дали ќе ја преживеам оваа болка. Како можеше ова да ми се случи од моето дете, цел град и земја да ја завие во црно!? Зошто сине? Постојано се прашувам, а одговор нема да добијам“, вели Светлана.

Светлана, исто така, кажа дека Вук не бил во лоши односи со ниту една од жртвите и не ѝ е јасно зошто ова се случило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.