Во моментите кога беснееше војната на територијата на поранешна Југославија, претседателите на Србија, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман и на Хрватска, биле во директна врска, воспоставена од Туѓман.

Воспоставувањето на линијата се совпаѓа со проектот за поделба на Босна меѓу двете земји, а тие имаа и две средби, во Караѓорѓево и на Тиквешко езеро, каде што исцртувале нови карти.

Претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ кој дојде на власт токму после Туѓман потврди за постоење на тајна линија.

– Тие двајца никогаш не зборуваа еден против друг, а мислам дека многу се почитуваа. Доказ е што во кабинетот најдов телефон кој беше директна врска од Загреб до Белград, јас ја исклучив. Подоцна дознав дека оваа врска ја воспоставиле за време на војната експертите на Милошевиќ, кои дошле директно од Белград – истакна Месиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.