Од 13 часот денеска на седумнаесетгодишната Сара Петровиќ од Борча, Белград, ѝ се губи трагот. Последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“.
Нејзината мајка плачејќи за српски Телеграф изјавила дека само сака детето што побргу да го најде и дека се сомнева оти е киднапирана.
Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска станица. Се враќаше од забава во Младеновац и оттогаш ја нема. Ѝ се јавив, ми крена некој, слушнав врева во автобусот, ама нејзе не ја чув. Не знам што се случува! Што ако моето дете е киднапирано, вели таа за Телеграф.
Сара е висока 165 см, има кафена коса и очи и има тенка градба. Таа беше облечена во црно и носеше црн ранец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.