Таткото и мајката на исчезнатата Данка Илиќ (2) се во полициската станица во Бор, каде одговараат на низа прашања преку кои инспекторите се надеваат дека поскоро ќе откријат каде исчезнало детето, дознава „Телеграф.рс“.
Во случаи на исчезнати деца, полицијата ги испрашува родителите и им ги поставува следниве прашања:
Дали во последните денови добиле чудни повици и пораки;
Дали забележале непознати лица во близина на куќата;
Дали некој и кој контактирал со нив преку социјалните мрежи;
Дали двајцата имале проблеми и недоразбирања во бракот;
Какви се нивните односи со соседите и пријателите.
На разговорот, неофицијално, присуствуваат и работници од Центарот за социјална работа.
Според соседите, семејството Илиќ важи за хармонично семејство кое се грижи за децата.
Полицијата ги зела и снимките од камерите за да утврди кој во кое време минувал покрај куќата на Илиќ, каде што не живеат, туку повремено доаѓаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.