Видеата кои ги објави 31-годишната Маја Шопта, девојката која последна се виде со исчезнатиот сплиќанец и нејзин пријател Матеј Периш, ја налутија јавноста.

Маја се снимала додека танцува и пее на Малдивите, ужива во друштво на манекенки од Колумбија. Таа прво објавила снимка на која танцува со пријателка на јахта, а потоа и уште една на која пее на забава.

Шопта предизвика и доста реакции со контрадикторните изјави на едно телевизиско интервју, каде негираше дека имала контакт со Периш ноќта кога тој исчезнал, потврдувајќи дека тој ја барал, но дека таа не се јавила. ТВ камерите забележале дека во нејзиниот телефон има мапи кои би можеле да одговараат на мапата на движење на Периш, а самата предизвикала сомнежи бидејќи, покрај повеќето нелогичности кои ги кажала, плачела и без солзи.

Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември и од тогаш му се губи секаква трага. Во потрагата по него, покрај полицијата, се впуштија и голем број на граѓани и пријатели на Матеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.