Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, порача дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е важна за стратешката позиција на Унијата во светот, а тоа е и можност за словенечките компании.
Додека регионот не е вклучен во ЕУ, тој ќе биде отворен за различни стратешки закани кои произлегуваат од активности кои не се усогласени со ЕУ во однос на вредностите и геополитичките аспекти – изјави Логар на настанот организиран од Институт за стратешки решенија по повод разговорите за интеграција и економски врски со Западен Балкан.
Логар истакна дека економијата е важен сегмент од интеграцијата, а Европската комисија издвоила повеќе од девет милијарди евра инвестициски фондови за инфраструктурни проекти во Западен Балкан, кои ќе го доближат регионот до ЕУ во економската инфраструктура.
Ова е истовремено и можност словенечката економија да учествува во реализацијата на овие проекти и да привлече дел од девет милијарди евра. Одлична можност за Словенија е планот на САД да донесат некои големи инвеститори на Западен Балкан за да реализираат проекти кои ќе бидат во конкуренција со кинеските проекти – изјави Логар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.