Една недела по затворањето на гласачките места во Србија, тензиите растат околу изборите, особено оние во Белград, а опозицискиот блок „Србија против насилството“ на протестот во центарот на Белград порача дека нема да се откаже од поништувањето на изборите, додека владата ги отфрла сите тврдења за нерегуларности.

„Нема да ја дадеме победата“, извикуваат приврзаниците на опозицијата на денешниот протест во центарот на Белград, пред седиштето на главното избирачко тело.

Одредени лидери на листата „Србија против насилството“ се обиделе насилно да влезат во градското собрание на Белград, за кое тврдат дека е „нивно бидејќи победиле на изборите во Белград“, пренесува Би-Би-Си на српски јазик.

Додека дел од нив се обидуваа да упаднат, поддржувачите извикуваа: „Отворај, отворај“ и „победа, победа“, а еден од истакнатите претставници на опозицискиот блок Срѓан Миливојевиќ ја повика полицијата „да премине на страната на народот“.  Ним им пришол претставник на полицијата кој ги предупредил дека присилното влегување во државен објект е кривично дело



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.