По неколкумесечна оперативна работа и прибирање докази, вчера во центарот на Белград, во Врачар е уапсена криминална група и на тој начин е спречено убиството на Лука Бојовиќ, дознава „Курир,рс“.

МЕСТО НА АПСЕЊЕТО НА НАПАЃАЧИТЕ

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија уапсија петмина осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои и подготвување тешко убиство.

Членовите на групата кои врз основа на достапните докази биле ангажирани за најтешки кривични дела биле дел од тимот на бегалецот Никола Вушовиќ, познат како Џони од Врачар. Против него веќе е распишана потерница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.