Милорад Улемек Легија (56), поранешен командант на Единицата за специјални операции  кој беше осуден за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, прави погребна опрема и се занимава со градинарство во затвор.

Милорад Улемек работи со некои други осуденици во  погребално претпријатие од Пожаревац, а за таа работа е платен.

– Легија активно се занимава со монтажа на венци за тоа погребално претпријатие, со кое раководството на затворот „Забела“ склучило договор. Оваа работа му е лесна бидејќи се занимава и со сликарство. За време на престојот зад решетки завршил и обука за примена на основни уметнички техники, а може секојдневно да присуствува и на ликовната секција. Покрај семејството, на гости кај него доаѓа и професорот по сликарство. Поранешниот легионер станал и градинар, па така заедно со другите затвореници од „Алкатраз“ во просторот на строго чуваниот затвор средува трева, цвеќиња и садници – открива „Информер“ .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.