Милорад Улемек Легија (55) кој издржува максимална казна од 40 години затвор за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ  е во најчуваниот српски затвор „Алкатраз“ во Пожаревац.Тој престојува во посебни услови т.н „затвор во затвор“.

Сè уште е во ќелија која е под видео надзор 24 часа, нема право на љубовна соба, на која инсистира со години, но од пред неколку години може да разговара со членови на семејството без стакло пред него.

На почетокот на ноември 2021 година, тој во знак на револт стапи во штрајк со глад бидејќи како жител на „Алкатраз“ нема право на посети во посебни простории и  „љубовна соба“ во која може да има секс со неговата сопруга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.