Специјалниот преставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак и специјалниот преставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска се сретнаа со заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан, со кого, меѓу другото, разговарале и за изнаоѓање решение меѓу Белград и Приштина.
„Мирот и стабилноста на Западен Балкан се важни за сите Европејци. САД, НАТО и ЕУ се посветени да работаат со Србија и Косово за да се најде решение во интерес на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на сите заедници,“ се вели во соопштението на Твитер на американската мисија на НАТО.
Peace and stability in the Western Balkans is important for all Europeans. The United States, our @NATO Allies, and the EU are committed to working with Serbia & Kosovo to find a solution and way forward in the interest of the stability, safety, and well-being of all communities. pic.twitter.com/w9oLrK4vli
— US Mission to NATO (@USNATO) January 9, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.