Специјалниот известувач на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синоќа соопшти, по повод средбата во Белград со претседателот на Србија Александар Вучиќ, заедно со претставниците на Франција и Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер, дека се бараат „опции за напредок во дијалогот“ и дека процесот ќе продолжи и во наредните денови.

Денеска заедно со високите советници за надворешна политика на францускиот претседател и германскиот канцелар имав важни детални разговори со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со цел да се истражат опциите за напредок во дијалогот. Процесот ќе продолжи и во наредните денови, напиша Лајчак на Твитер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.