Косовскиот премиер Албин Курти ги отфрли обвинувањата дека Албанците ќе маршираат преку мостот Ибар по неговото отворање за денеска, со оценка дека со таквите тврдења српскиот претседател сака да создаде атмосфера на страв и да предизвика реакција на КФОР.

Српскиот претседател Александар Вучиќ со лажни наводи дека Албанците маршираат преку мостот сака да создаде атмосфера на страв и да предизвика реакција на КФОР во Митровица, заканувајќи се дека Србија ќе одговори доколку не реагираат, напиша Курти доцна синоќа на социјалната мрежа X.

Според него, сите планови за отворање на мостот се насочени кон поттикнување мирна интеракција меѓу двете заедници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.