Премиерот на Косово, Албин Курти не ја „оспорува неопходноста“ „во одреден момент“ да се одржат нови избори на северот во државата, туку дека, како што вели, пред тоа треба да се воспостави „владеење на законите“.
Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Курти рече дека ќе разговара за можностите за одржување нови избори следната недела со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кои ќе ја посетат Приштина.
„Следната недела специјалните претставници на ЕУ и САД, Лајчак и Ескобар, ќе дојдат на Косово и ќе разговараме за деталите. Верувам во предвремени избори, но затоа ни треба владеење на правото и слободна и фер кампања за слободни и фер избори“, рече Курти.
Тој наведе дека е очигледно дека градоначалниците кои победија на изборите на 23 април имаат низок легитимитет, поради слабата излезност на тие избори, но тие се, споиред него – „единствените легални и легитимни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.