Косовскиот премиер, Албин Курти, придружуван од шефот на неговиот кабинет, Луан Далипи, го примил денеска Владимир Длоухи, претседател на Асоцијацијата на европски стопански комори, Еурочамбрес (Eurochambres), јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението од службата за информирање на Владата на Косово, се наведува дека Длоухи е познат економист од Чешка, со долгогодишно искуство во политиката, вклучително и како поранешен министер за економија на Чешка.
Според соопштението, на средбата се разговарало за „важноста од создавање на најповолни услови за водење бизнис, за понудата (на Косово) за странските бизниси и за забрзувањето на економскиот развој на Косово преку заеднички инвестиции и иновации“.
„ Еурочамбрес, основан во 1958 година, претставува над 20 милиони бизниси преку 1.700 стопански комори, негови членки, низ Европа. Меѓу неговите членки е и Стопанската комора на Косово. На состанокот присуствуваа и Бен Батерс, секретар на Еурочамбрес, Љуљлзим Рафуна, претседател на Стопанската комора на Косово и Бесим Мустафа, директор на Одделот за меѓународна соработка при Стопанската комора на Косово“, соопшти кабинетот на Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.