Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека Приштина го намалила присуството на косовската полиција за 25 отсто во три општински згради на северот на Косово и дека се подготвуваат за вонредни избори.
Почнувајќи од минатата недела, го намаливме присуството на косовската полиција за 25 отсто во три општински згради на север. Сега почнуваме да го отвораме патот за предвремени избори. Косово веќе со добра волја го спроведува договорот со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина (Мирослав Лајчак) за деескалација, постигнат во Братислава, напиша тој на Твитер.
Курти во понеделникот се сретна со Лајчак во рамки на меѓународен симпозиум што се одржува во Грција, а по средбата изјави дека со него имал долга дискусија за намалување на тензиите и нормализирање на односите со Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.