Приштина, 13 декември 2022 – Косовскиот премиер Албин Курти денеска најави дека Косово оваа недела ќе поднесе барање за членство во Европска Унија.
Пред една година најавивме дека ќе поднесеме апликација за членство, а денеска најавуваме дека оваа недела ќе ја доставиме апликацијата до ЕУ. Дојде време статусот на потенцијален кандидат официјално да се претвори во кандидат за членство, истакна Курти.
Како што јави српската новинска агенција Бета, Курти истакна дека „ЕУ е место на мирот, безбедноста, еднаквоста и просперитетот и затоа местото на Косово е во тој заеднички дом, како земја што го сака мирот, истакна Курти на владината седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.