Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години, изјави косовскиот премеир Албин Курти и му пушти студен туш на Али Ахмети кој никако да се помири со позицијата во опозиција. Изјавата, зачинета со онаа дека Македонија нема закон за албанскиот јазик, туку закон за јазици, предизвика лавина реакции кај врхушката на интегративците кои никако да се помират со вистината која косовскиот премиер, народски кажано „им ја плесна во фаца“.
Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години. Од основањето како субјект некаде околу година и половина беше во опозиција. Ротацијата е здрава. Од друга страна јас бев 20 години во опозиција. Сега сум во влада, 4 години ќе навршат следната пролет, но првин ќе имаме нови избори. Мора да се бориме со идеи за граѓаните и за Албанците. Мислам дека не треба да се бориме за власт. Нека победат идеите, посветеноста, патриотизмот, чесноста. Ова треба да биде победата. Но, ротациите се неизбежни. Ние сме една нација, Албанците каде и да се, имаме еден идентитет и еден јазик, но не можеме да имаме една политичка партија, додаде Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.