Поминаа 40 дена откако Србија беше погодена од веста за грозоморниот масакр што го изврши момчето Коста Кецмановиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“, при што загинаа девет негови соученици и обезбедувањето на ова школа.

Вчера пред училиштето се одржа панихида за жртвите, а она што остана на оградата пред зградата уште повеќе ги шокираше луѓето.

Некој оставил капа на оградата со куршум на неа. Веднаш штом била пронајдена муницијата, била известена полицијата која ја отстранила потенцијалната закана.

Како што дознава порталот „Република.рс,“ полицијата истражува дали куршумот е порака за одмазда, како и кој е тој што сака да каже дека ќе се одмаздат жртвите на Коста Кецмановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.