Куќата во Косовска Митровица во која беше сместена канцеларијата на трагично загинатиот лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, Оливер Ивановиќ, Косовската кредитна агенција ја продаде, од 1 јуни ќе биде ставена со катанец, а просториите од 200 метри квадратни ќе се всели е Албанец од јужниот дел на Косовска Митровица, „Политика“.
Не е позната сумата за која е продадена куќата.
Потпретседателката на партијата ГИ СДП, Ксенија Божовиќ изјави дека по 26 години од партиските простории останале само голи ѕидови, а од 1 јуни практично исчезнува сето она што го направил покојниот Оливер Ивановиќ.
Таа додава дека не верувала дека куќата ќе биде продадена, со оглед на тоа што, како што рече, Ивановиќ поминал речиси третина од животот во таа куќа, пред неа бил убиен, а пред влезот има мермерна плоча со слика на Оливер Ивановиќ, датумот кога е убиен и на која пишува „Никогаш нема да го напуштам Косово и Метохија“.
Оливер Ивановиќ е убиен на 16 јануари 2018 година, рочиштата за неговото убиство се одржуваат во Приштина од декември 2019 година, а според Ксенија Божовиќ, следното судење е закажано за јуни, бидејќи претходно било одложено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.