ВМРО е бугарска револуционерна организација и според овој срамен чин денеска во парламентот во Скопје треба да се забрани и како организација чие првобитно име е Бугарско-македонско-одрински револуционерен комитет, потоа стана Таен македонско-одрински револуционерен комитет, а дури потоа Внатрешна Македонско-Одринска револуционерна организација. Бугарската организација ВМРО, која ја предводел Иван Михаилов, била до 1990 г. Сега лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да се забранат сите организации што имале врска со Бугарија. … Во Скопје се вратија во 1944 – 1945 година, кога ако кажевте дека сте Бугарин, ќе ве сместеа во затвор и ќе ви го конфискуваа имотот. … Да не беше толку тажно, тоа што го кажа Кристијан Мицкоски ќе беше смешно“, изјавил бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за „БНР“, пренесува Локално.

Тој ја коментираше синоќешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ја спореди политиката на Бугарија кон РСМ со онаа на Русија кон Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.