Коста Кецмановиќ, момчето виновно за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, првпат се соочи со обвинителството.

Тој сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ.

Кога би можел да го вратам филмот, ништо од ова не би направил“ и „Се каам што ги убив пријателите“ се изјавите од денешното рочиште на 13-годишниот тинејџер кој уби девет деца и училишниот чувар, а сериозно рани уште пет соученици и наставничката по историја.

На Коста К. му биле поставувани многу прашања, најмногу поради сомневање дека неговиот татко не го чувал безбедно оружјето за кое имал дозвола. Но, според неофицијални информации од извори блиски до истрагата, момчето одговорило дека неговиот татко го чувал оружјето во сеф со шифра и го обезбедувал и повеќе од тоа што е вообичаено и пропишано со закон, но дека тој „се снаоѓал“. Како тоа момчето го направило и што точно кажал, изворот до срПските медиуми не сакал да открие, за да не ја „загрози“ понатамошната истрага.

Коста К. одговорил и на други прашања, меѓу кои дали татко му го малтретирал, каков бил односот во семејството, односно меѓу него, мајка му, татко му и сестра му. На прашањето дали татко му го однел на стрелиште, Коста К. одговорил дека тоа е точно, но дека првпат не го однел Владимир, туку некој друг.

Исто така, на прашањето дали татко му му ставил оружје во рацете и го научил да пука, момчето одговорило негативно.

Тој рече дека одамна стапил во контакт со оружје, но дека не е првпат татко му да го става во раце, напротив. Исто така, момчето кажа дека не го учел само татко му да пука, односно да ракува со оружје. Наводно, спомнал дека татко му се восхитувал колку прецизно гаѓа – вели изворот.

Миљана Кецмановиќ, мајката на убиецот, цело време ги стегала усните и неподвижно седела додека тој одговарал на прашањата.

Таа пред сослушувањето му предложила да каже што и да е побарано, а тој се обидел да ја сокрие својата вознемиреност.

Момчето беше сослушано преку видео врска и одговори на сите прашања во врска со постапката против неговиот татко за тешко кривично дело против општата безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.