Помина  цела година од страшниот масакр што го изврши  Коста Кецмановиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“.

По невидената трагедија, Коста, кој тогаш имаше само 13 години, заврши на Клиниката за деца и млади за невропсихијатрија, каде што е во тек неговата психијатриска опсервација.

Иако се очекуваше дека ќе покаже барем навестување на каење, и по една година тоа не се случи. Сепак, деновиве покажува агитација, а се претпоставува дека тоа е токму поради следните денови.

Коста ноќе има кошмари, не може да заспие и постојано е во некои размислувања. Секако, не кажува што го мачи, но се претпоставува дека е токму датумот – трети мај, кој следи. Една година е во затвор, а многу порано очекувал да биде на слобода. Не се помирува со фактот дека нема да биде толку слободен како што мислеше-велат лекарите кои го набљудуваат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.