Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за воведување визи за сите државјани на Русија кои на било кој начин сакаат да влезат или да ја користат државата за транзит, јави дописникот на МИА од Приштина.
Премиерот Албин Курти изјави дека руските државјани со редовни, службени и дипломатски пасоши, како и оние кои имаат биометричка дозвола за престој издадена од државите на Шенген-зоната, во иднина се должни да се опремат со косовска виза, било за влез, транзит или престој во Косово.
Претставувајќи го предлогот, кој беше усвоен на денешната владина седница, заменичката мнинистер за надворешни работи, Лиза Гаши нагласи дека мерката што се предлага е на линија на последната одлука на Европската унија во однос на визите за руските државјани.
– Визата е потребна за државјаните на Руската Федерација при влез во Република Косово, без исклучоци. Овој предлог на МНР е во согласност со меѓународните обврски кои ги презеде Косово во кохерентност со последната одлука на ЕУ за укинување на договорот за олеснување на добивање на Шенген-визи за руските државјани, изјави Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.