Moделот за решавање на Косовскиот проблем по системот „Две Германии“ се уште е на маса бидејќи Србија остана цврсто на позицијата да не се согласува на меѓусебно признавање, на што Приштина упорно инсистира.

Таквата ситуација го врати во фокусот моделот на „две Германии“ но прашање е колку е тоа применливо во случајот со Косово. Овој модел го поддржува поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.

Што предвидува моделот на две Германии

Примената на моделот на две Германии би значело договор меѓу Белград и Приштина врз основа на решавање на проблематичните односи меѓу Источна и Западна Германија по Втората светска војна, кога имаше окупациски зони и Студената војна. Западна и Источна Германија се договорија по повеќе од две децении, во 1972 година, дека и двете, како независни држави, ќе станат рамноправни членки на ОН. Во исто време, Западна Германија никогаш не ја призна Источна Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.