Бугарскиот аналитичар и експерт за Балканот Владимир Владимиров, пак, посочува дека аплицирањето за членство во Европската Унија е јасно опишано во Копенхашките критериуми и таму се посочени фундаменталните принципи на Унијата.
– Тоа се владеење на правото, слободата на медиумите, слободата на изразување и така натаму. Во Копенхашките критериуми нема билатерални спорови. Македонија ги исполнува критериумите за почеток на преговори. И поради оваа причина, ветото на Бугарија не е многу правно издржано. Во процесот на преговори за членство во НАТО, нашите сојузници и соседи од Турција не ни поставија услови да се откажеме од Шипченската епопеја. Тие го прифатија нашето и нивното читање на историјата. Малку подоцна, кога станавме членки на Европската Унија, нашите сојузници и пријатели од Грција не ни поставија услов да напишеме во бугарските учебници дека нашата азбука и христијанството потекнуваат од нив. Нашите соседи се однесуваа европски. Истите очекувања се и од Бугарија. Според новите правила на Европската Унија, Република Македонија ќе има многу долг процес на пристапување, кој може да потрае 7-8 години“.
Во овој период, вели Владимиров, може да се решат сите билатерални спорови.
– Европската унија има потенцијал да стане гарант за решавање на нашите проблеми со Македонија, смета Владимир Владимиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.