Бугарскиот претседател Румен Радев му одговори на претседателот на Македонија Стево Пендаровски за неговата изјава дека со колегата од Софија две години немале конструктивен разговор и дека повеќе од две години немале средба.
– Во последните години најмалку десет пати го канев претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски да ја посети Бугарија. Единствената посета беше на 1 октомври при отворањето на интерконекторот. Дури и тогаш разговарав со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за да може Република Македонија да добие финансиска помош од ЕУ за набавка на струја – изјави Радев на маргините од конститутивната седница на новоизбраниот состав на Народното собрание, коментирајќи ја синоќешната изјава на шефот на Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.