Вонредното партиско собрание на Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац ќе собери 4.000 делегати кои ќе одлучуваат кој ќе раководи со партијата, откако вчера српскиот претседател Александар Вучиќ на собирот во Белград соопшти дека од денеска повеќе нема да биде претседател на СНС.

Вучиќ вчера кажа дека ова е последната вечер кога се обраќа како претседател на СНС, чиј „верен член ќе продолжи биде, но од утре ќе биде само претседател на Србија, но не и на партијата“.

Единаесет години верно и лојално служев им служев на мојата земја и народ. Можеби поверно и полојални отколку што некои од вас можат да замислат. Единаесет години сум на чело на СНС, најдобрата, најголемата партија на прекрасни домаќини, чесни луѓе, рече тој.

Како што дознава „Н1“ од членовите на СНС кои ќе учествуваат на собранието на партијата, никој не го добил дневниот ред пред собранието, како и листата на кандидати за потенцијални наследници на Вучиќ.

Неофицијално се споменува дека воопшто нема да се избира еден претседател на партија, туку дека со партијата ќе раководи колективно тело составено од три или пет члена.

Меѓу кандидатите кои се споменуваат прв како најсигурен е министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Потенцијално во тоа колективно тело би можеле да бидат министерот за финансии Синиша Мали, како и премиерката Ана Брнабиќ, пишува „Н1“.

Сепак, иако Брнабиќ важеше за еден од кандидатите, некои членови на СНС се повеќе веруваат дека таа ќе се откаже од трката по нејзините недамнешни јавни настапи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.